Ако поминувате многу време пред вашите монитори и имате работа која бара употреба на повеќе монитори, тогаш може треба да размислите за LG UltraWide 49WL95C. Достојна опција за монитор кој дава огромен простор за приказ, каде слободно можете да отворите повеќе апликации, прелистувачи… и секогаш да имате „нормален“ поглед.

Во поглед на поставки и спецификација во споредба со цената, мора да кажеме дека ова е монитор кој треба да го поседува личност чија работа бара таков производ. Што се однесува до естетиката на LG UltraWide 49WL95C, тешко дека ќе најдете нешто на што би се пожалиле.

Овој 49 инчен монитор има пропорција на слика 32:9, заоблен дисплеј со резолуција од 5.120 x 1.440 пиксели. Контролните копчиња кои се поставени на страните и позадината на екранот овозможуваат полесна контрола, додека пак приклучоците овозможуваат поврзување на два уреда со користење на половина од просторот за секој од нив.

Звукот што го обезбедуваат двата звучници од 10W е подобар од очекуваното за монитор што е фокусиран на визуелни перформанси. Параметарот 60Hz не е доволна за гејмерите. Ако кажеме дека овој монитор нема конкуренти би ве излажале, но оставаме на вас да се одлучите за тоа што ви одговара.