Јужнокорејскиот бренд LG можеби е познат по своите спектакуларни телевизори, но не толку по паметни телефони. Со години се обидува да влезе во елитната група на технолошки гиганти за паметни телефони, но без резултат. Иако неговите уреди се популарни, никогаш не добија можност да го привлече вниманието како на пример Apple и Samsung. Но се чини дека тоа ќе се измени. Јужнокорејскиот бренд ја менуав играта со претстојниот LG Wing.

На прв поглед, изгледа како и секој друг паметен телефон. Една од првите работи што ќе ја забележите е големиот 6,8-инчен FHD OLED дисплеј, како и закривени рабови. Задниот дел, поради камерите, потсетува на колегата од корејскиот технолошки гигант. Но овој уред не е копија на денешните смартфони, бидејќи со едноставно притискање настрана, LG Wing се отвора за да открие Т на смартфон.

Неговиот 6,8-инчен дисплеј се ротиран настрана и под него се појавува помал 3,9-инчен секундарен FHD OLED дисплеј. Примарниот дисплеј се врти во насока на движење на стрелките на часовникот давајќи поинаков поглед и искуство со тоа што секундарниот дисплеј е наменет за функциите и работа во зависност од апликацијата.

Што се однесува до камерите LG Wing има 64MP wide-angle камера, со 12MP ultra-wide и дополнителна 13MP ultra-wide за режим на гимбал. Освен неговиот систем со тројна камера, тој исто така има pop-up 32MP селфи камера наместо нејзината традиционална локација на екранот.

Со неговата можност да има два екрани одеднаш, можностите за повеќе задачи на LG Wing се скоро бесконечни во што помага и Snapdragon 765G процесорот заедно со 8 GB RAM и 128 GB или 256 GB внатрешна меморија. Овој телефон е опремен и со надворешен слот за microSD картичка до 1TB.