LG разви транспарентен 55-инчен OLED дисплеј, што се дуплира како преграда и ќе биде претставен на CES 2021 (International Consumer Electronics Show). Дисплејот е корисен бидејќи служи и како параван, хигиенско решение за заштита од ширење на ковид. Особена корист од ваков вид на дисплеј би имале рестораните, каде потрошувачите ќе може да изберат храна од менито на дисплејот, да видат како се подготвува нивната храна а во исто време да не се чувствуваат изолирано.

Екранот на LG може да се користи и како смарт телевизор во домовите, како прозори на возови во метроа. Овој иновативен производ природно повеќе се издвојува во ерата како бесконтактен бидејќи не само што може да делува како параван, туку служи и за забава.

„Транспарентниот OLED е технологија што ги максимизира предностите и може да се користи на различни места во нашето секојдневие, од продавници, трговски центри и архитектонски ентериер до автономни возила, возови и авиони“, изјави Jong-sun Park, потпретседател и раководител на секторот за трговија на LG Display. Овој LG Display има 40 проценти транспарентност во споредба со 10-те проценти на постојниот LCD.