Технолошкиот гигант LG влегува во светот на супер-луксузните резиденцијални домови со лансирањето на својата Direct-View LED технологија за секојдневна домашна употреба. Овој LG DVLED Extreme Home Cinema е различен од типичните LED телевизори каде што всушност тие се LCD ТВ уреди со LED позадинско осветлување, односно тука не постои LCD панел. DVLED, или Direct-View LED екранот ги креира сликите директно од LED за повисок контраст, светлина, спектар на бои и подобри агли за гледање. Со опсег од 2 до 33 милиони диоди, зависно од резолуцијата, овој 8К масивен телевизор може да биде конфигуриран во 16:9 големина на аспект од 81 до 325 инчи, па дури и во 32:9 UltraStrech распоред.
„Ова навистина е суперавтомобил на технологија за домашно прикажување, нудејќи рачно изработени технологии и перформанси кои им се допаѓаат на оние со луксузен начин на живот кои сакаат нешто што не е само извонредно, туку и исклучително ексклузивно. Технологијата на LG DVLED Extreme Home Cinema Display е проценета да трае 100.000 часа пред да достигне половина од својот животен век, што значи дека може да донесе неверојатни визуелни содржини повеќе од 10 години“, изјави Ден Смит, заменик претседател на LG Electronics кој е задолжен за DVLED екрани.

LG нуди дополнителни додатоци
Благодарение на својот аспект на прикажување, LG DVLED Extreme Home Cinema овозможува повеќе извори на видеа да бидат прикажувани истовремено, без да се потисне нивниот индивидуален аспект на прикажување. Како што може и да се очекува, од LG не очекуваат купувачите сами да ги инсталираат овие џиновски ТВ уреди. Наместо тоа, DVLED Extreme Home Cinema системот ќе биде производ кој ќе се инсталира специјално, преку нова дилерска линија. LG има над 30 претходно подготвени големини и резолуции, со цел да го направи целиот процес порационализиран, а секој уред ќе биде испорачан до местото во специјални сандаци за да се спречи оштетување.
Покрај инсталацијата, LG исто така ќе вклучи и голем пакет за грижа со цел да се осигура дека Extreme Home Cinema екраните ќе работат најдобро што можат. Тоа вклучува два прегледи на лице место во период од три години, LG Connected Care далечински систем за мониторирање и поддршка и петгодишна ограничена гаранција. LG вклучува и резервни делови, како дополнителни модули, приемни картички, HUB плочи и слично.
Од LG не откриваат колку овој уред ќе чини, но со самото тоа што е насочено кон љубителите на ултра-луксузното и ексклузивното, јасно е дека се потребни особено длабоки џебови ако сакате овој уред да го краси ѕидот во вашата дневна соба.