Lexus LC 500 беше претставен пред три години, како еден пеколно добар автомобил со совршена доза на перформанси. Сепак изгледа дека овој автомобил може да се подобри и тоа само со промена на бојата на автомобилот.
Lexus претстави лимитирана серија од 100 автомобили кои ја имаат оваа суптилна зелена боја, наречена Nori Green. Компанијата не прави никакви дополнителни промени во автомобилот, едноставно додава маслиново зелена боја со бисерен сјај и нов ентериер. Топлите нијанси на кафена на кожата на ентериерот е доста елегантна и стилска. Овој неодолив автомобил ќе биде достапен оваа есен.