По долго исчекување, Lexus се појави на пазарот со јахта вредна нешто под 4 милиони долари. Секоја чест на останатите произведувачи на автомобили кои прикажале прототипови на јахти, но Lexus е првиот од оваа бранша кој развил јахта, достапна за продажба. Го носи името LY 650, а долга е околу 20 метри. И пред да дебитира на овогодинешното Fort Lauderdale International Boat Show, веќе се продадени две. Уште 4 се произведуваат.
Концептот за јахтата беше презентиран уште во јануари 2017, но готовиот производ ќе заплива во водите дури наредниот месец. Дизајнот на јахтата го носи потписот на италијанците Nuvolari Lenard. Екстериерот има убави розе-златни атрибути, а линијата на кровот потсетува на купе. Изработката е дело на Marqius Yachts па одлично е нагласена грациозноста која потсетува на Lexus.
Внатрешноста на LY 650 го спојува италијанскиот дизајн со Lexus филозофијата, па создава поинаква приказна од онаа достапна на пазарот.