Фановите на Star Wars имаа повеќе од 42 години да соберат сè што е можно, поврзано со франшизата: постелнини за кревет, шолји за кафе, маски, играчки и слично. Списокот оди до бесконечност. 

Со крајот на серијалот во декември, кој ќе се случи со појавување на Star Wars: The Rise of Skywalker, време е да го надоместите она што досега не сте го набавиле. За вистинските фанови, веќе ги споменавме Star Wars Stormtrоoper патиките на Adidas, а сега на ред е Levis. 

Почнувајќи од 1 ноември, што се однесува до гардеробата, Levi’s е уште еден од брендовите кој ќе се погрижи за тоа. Од маици и дуксери до фармерки и јакни со потпис на брендот, целата колекција ќе биде обоена во боите и графичките мотиви на Star Wars. Колекцијата ќе биде наменета и за мажи и за жени. 

Од први ноември, колекцијата ќе биде достапна онлајн и во некои продавници на Levi’s.