Фитнес тренерот Пол Ревелија ги објасни сите промени кои ги креирал во своите рутини кои му помогнале да се симне на само 10 проценти телесни масти, во рамките на подготовките за еден фитнес настан. Меѓутоа, тренерот објасни дека оваа цел не мора да биде достижна за секого, додека во своето ново видео се обидува да се фокусира на реалните таргети во рамките на намалувањето на телесни масти од 20 на 15 проценти, нудејќи им истовремено на сите едноставни совети на база на неговите лични искуства.

„Не е потребно дури ни нешто посебно да се занимавате со следење на калориите, ниту да бидете премногу внимателни за да станете совршени, можете понекогаш да се напиете нешто, но јас сепак сакам да зборувам за неколку замени“, изјави тренерот. Важна работа во ова, како што додава тој, е осигурувањето на внесот на правилни пропорции на микронутриенти, односно протеини, јаглехидрати и масти.

Пред се, тренерот предлага укинување на мајонезот и употребата на алтернативни намази како што е сенфот. „Мајонезот со помал процент на масти и понатаму ви пружа супстанци кои ви се потребни, без додавање на сите тие калории кои ги добивате со употребата на обичниот“, додаде тренерот.

Интересни алтернативи

Од друга страна, Ревелија објасни дека и покрај тоа што јајацата можат да бидат добар извор на протеини, конзумирање на цело јајце може да го зголеми вашиот секојдневен внес на масти.

„Наместо да изедам пет, шест, седум јајца, јас ќе изедам две цели и остатокот од своите потреби за протеин ќе го задоволам со остатокот од изедените белки“, заклучи тренерот. Пронаоѓањето на алтернативи за грицкање исто така е од голема помош, додека Ревелија сугерира дека префрлањето од регуларен чипс на печен чипс и избор на освежителни пијалаци со нулта калориски својства може да направи чудо.

Кога станува збор за подготвувањето на оброкот, тој исто така препорачува употреба на спреј за готвење наместо масло. „Ова навистина може да ве спаси од внесување на големи количини калории, а истовремено не е потребно да ги земат предвид, поради тоа што нивните нивоа се толку мали што се потполно занемарливи.