Вистинските љубители на кафе го конзумираат нивниот пијалок секој ден, некои дури го преферираат на почеток на денот. Ритуал кој прави да имаме добар почеток на денот. Иако не сите сме познавачи на кафе, сепак се исплати да се знае разликата помеѓу лате и капучино, мока и макијато?

Еспресо

Еспресото, познато и како Кратко црно (Short Black), е најчистото кафе искуство што може да го добиете. Интензивно, со полн вкус и релативно горчлив. За да ја совладате мајсторијата на правење на еспресо, времето е суштинско. Овој пијалок се добива со топла вода под притисок пуштено врз 7-9 грама ситно мелено кафе. Кремастата пена во црвено-кафеава боја формира воздушеста крагња која создава уникатна арома и тоа е знак за „perfect shot“. Ова кафе само по себе е основа за многу други видови на кафиња.

Американо

Американо е омилен утрински пијалок кај љубителите на кофеин. Caffe Americano во основа е еспресо што е разредено со топла вода. Со силен и горчлив вкус исто како еспресо, но со поголема содржина на вода и без млечна текстура. На глобално ниво, тоа честопати се нарекува филтер кафе, едноставно поради неговиот метод на подготовка, кој користи машина за филтрирање. Одлична алтернатива е кога сакате да пиете поголема чаша што не е многу јака.

Долго црно (Long Black)

Кафе кое често се меша со Американо поради сличноста во изгледот. Многу конзумирано во Австралија и Нов Зеланд. А разликата е во тоа што ова кафе се прави со истурање на два „шота“ еспресо (или ристрето) врз топла вода. На овој начин пијалокот го задржува кремот и е со помал обемен, давајќи му силен вкус. Одличен пијалок за луѓето кои сакаат Американо со појак вкус.

Ристрето (Ristretto)

Ристрето е исклучително горчлив и густ и е направен од краток шот на еспресо со ситно мелени зрна кафе и половина од количината на вода. „Ограничениот“ шот содржи поконцентриран вкус со удобност на одредена сладост што не би ја нашле во еспресо. За оние кои сакаат интензивен вкус и сметаат дека еспресото е разредено.

Еспресо Макијато

Макијато е еспресо со доза пенушесто млеко одозгора. Пијалок често мешан со лате макијато. Макијатото е послабо еспресо, во кратка или долга форма. Ова кафе уште се нарекува и „дамка“ бидејќи тоа е како да има „дамка“ млеко на вашето еспресо.

Лате Макијато

Акцентот тука е на млекото. Всушност ова кафе би било нешто слично како млеко потурено со шот еспресо.

Flat White

Популарен пијалок за почеток на денот и појадок, особено во Австралија и Нов Зеланд. Ова кафе е доста слично со капучиното но без вкусот на чоколадо што капучиното го носи. Тоа е повеќе млечен пијалок со силен вкус на кафе што се прави со тенок слој на микро пена.

Мока

Мока, позната и како мокачино, е пијалокот каде кафето се среќава со чоколадото. Тоа е лате со додадено чоколадо, ја смирува горчината на еспресо-шотот. Направено е од еспресо, со млеко на пареа, млечна пена и чоколаден прав. Одлично се меша со „marshmallows“ и ја задоволува желбата за благо.

Капучино

Капучиното ја краде славата бидејќистанува збор за еден од најпопуларните пијалоци со кафе во светот. Овој трислоен пијалок содржи еспресо, млеко на пареа и потоа слој пенесто млеко. Капучино често се украсува и со чоколадо. Ако преферирате кофеински пијалок со млечна текстура.

Лате

Латето е најблаг од сите пијалоци базирани на еспресо основа. Лате има помалку млеко од капучино и има тенденција да биде поблаг. Можете исто така да додадете вкусови како ванила, чоколадо, па дури и лешник за да го прилагодите онака како што сакате. Всушност ова е пијалок наменет за тие кои го сакаат нивнотот млеко повеќе од кафето.