Ако сакате да ја надградите фитнес опремата по дома, сторете го тоа со лента за трчање. Еве што сè треба да знаете…

Сакате да вежбате по дома, па логично е да инвестирате во лента за трчање. Дури и да сте тип кој трчи надвор, лентата ќе ви се најде штом паднат поројни дождови и нè стасаат студени зими. Неколку точки на кои треба да обрнете внимание кога купувате лента за трчање…

лента за трчање

Буџет

Цената на лентите за трчање варира. Од 200 евра па сè до неколку илјадници. Тоа не значи дека треба да инвестирате 10 илјади евра во лента за трчање, но вреди и да ја побарате средината и да купите онаква лента со можности за приклучување на апликации и тренинзи на подесување. 

Функционалност

Размислете добро каква лента ви е потребна. Ако имате мал простор во домот, земете онаква на склопување. Исто така, потребна ви е лента со целосна опрема или само со брзина и насоченост? Мерете два пати, купете еднаш!

лента за трчање

Големина на лентата

За трчање, лентата треба да биде оптимално 121 цм долга и 45 цм широка. Ако имате поголема тежина и висина, размислете и за поголема: од 132 до 137 цм во должина. 

Брзина и карактеристики

Потребен ли ви е монитор за срцеви отчукувања и подесување на вежби или само лента на која ќе може да трчате? Некои ленти имаат поврзаност со Bluetooth, HIIT вежби, ZWIFT функционалност, но секоја опција доаѓа соодветно на буџетот со кој расолагате.