Американската ѕвезда Lenny Kravitz ќе ја краси кампањата за машкиот мирис Y Eau de Parfum. Новиот Y Eau de Parfum, на YSL Beauté сегментот, е развиен од страна на Dominique Ropion и е направен да ја претстави култната Yves Saint Laurent бела маица и црна јакна. Наменет за сонувачот кој не се плаши од ризик, кој експериментира и кој е креативен без никогаш да престане да прашува „ЗОШТО НЕ!?”.

Па според компанијата оваа ѕвезда е лицето кое најдобро ќе го претстави парфемот. Новата кампања е фотографирана од страна на David Sims, додека видео спотот за рекламната кампања е снимена од Anton Corbijn. Музиката е на самата ѕвезда и тоа Are You Gonna Go My Way од 1993 година.