Рок ѕвездата, продуцент и дизајнерски гуру, кој беше прогласен за креативен директор на брендот во сопственост на LVMH кон крајот на 2018 година, сега соработува со славното француско cuvée, чие наследство потекнува од 17-тиот век. Dom Pérignon и Lenny Kravitz соработуваат на три нови дизајни на шишиња, канделабра и „table-bar” наменети за потрошувачите на овој најпознат светски пијалок.

Дизајнот на етикетата на шишето е инспириран од иконскиот штит на Dom Pérignon, давајќи му гламурозен сјај и посебна доза на стил карактеристичен за рок ѕвездата. За уште поимпресивно доживување и претставување пред гостите на вашата забава, Кравиц дизајнираше канделабра, за како што тој вели, „поставување тон за прослави и обреди“, од кутијата на шишето кое има кадифена обвивка со змијски финиш, кој доаѓа со црни свеќи кои можат да бидат поставени во засек во горниот дел од кутијата.