House of Gucci, на Ридли Скот ја следи вистинската приказна за заговорот на Патриција Реџани за убиство на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи, внук на основачот на модната куќа Gucci. Фотографијата, која таа ја објави на Инстаграм на 9-ти март, е празник за очите, бидејќи таа ни открива дел од случувањата зад сцена. На сликата се наоѓаат Лејди Гага во црн аутфит и бела шубара, додека Адам Драјвер во џемпер во крем боја и широка насмевка на лицето. Филмот кој се очекува да се појави во ноември 2021 година, се базира на вистинска приказна и на истоимената книга, а темата е убиството на Маурицио Гучи на 27-ми Март 1995 година кое е нарачано од неговата сопруга. Моментално филмот се снима во Италија.

View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)