Lego се шегува на сметка на Cybertruck на Tesla  и гарантира дека ќе биде опасно за сите татковци со боси нозе.

Случувањата со Cybertruck на Tesla и Илон Маск, се голема инспирација за многумина, па ниту Lego не останаа рамнодушни. Нивната верзија се вика Brickmobile, а се состои од една Lego коцка на тркала за која гарантираат дека е отпорна на кршење. 

Фијаското кое се случи при демонстрацијата на непробојните стакла на пикапот, не требаше да се случи. Околу првата минута од видеото, Маск замолува дечко од публиката да се обиде и да го скрши стаклото на Cybertruck. Дечкото, релативно атлетски и подготвен, не го крши еднаш туку два пати. На ова, креаторот на Tesla одговара со: „Oh my fucking God“

Ваквото промашување го чинеше Илон Маск цели 768 милиони долари.