По објавувањето на Technic Bugatti Chiron моделот во 2019 година, Lego го претстави својот најнов додаток во Technic линијата. Новиот модел. Lego Technic Lamborghini Sian, е производ на соработката меѓу данската компанија за играчки со Automobili Lamgorghini со што е рекреиран моделот Sian, исклучително ограничен хибриден суперавтомобил кој дебитираше минатата година.

Моделот е направен во размер 1:8 и е составен од 3.696 парчиња и ги вклучува сите неверојатни функции и одлики кои ги има вистинскиот Sion, кој е произведен во само 63 единици. Моделот ги содржи и карактеристичните врати кои се отвораат идентично како и кај регуларниот модел, како и задниот спојлер кој може да се активира преку скриен прекинувач, како и целосно функционален 8-степен секвенцијален менувач.

Останати функции и одлики на овој модел вклучуваат и реплика на V12 мотор, управувач и светло зелена боја дополнета со златни тркала.

Најавувајќи го лансирањето на овој Lego Technic Lamgorghini Sian, извршниот директор на Automobili Lamborghini Стефано Доменикали истакна: „Lego коцките се иконски, исто како и Lamborghini суперавтомобилите. Двата производи го вклучуваат и трагањето кон перфекцијата во дизајнот преку постојано истражување и развој, создавање на различни емоции со секоја интеракција и се ценети од страна на генерации и генерации. Секој Lamborghini суперавтомобил може да биде уникатен благодарение на нашиот Ad Personam програма за персонализација и специфичниот стил на возење од страна на секој сопственик, исто како што Lego коцките им овозможуваат на лицата од сите возрасти бескрани можности за креација“.

Lego Technic Lamborghini Sian ќе биде достапен во одредени Lego продавници, како и на онлајн продавницата на Lego од 1 јуни, пред да се најдат и во сите други продавници од 1 август. Овој модел ќе се продава по цена од 349.99 фунти.