Откако соработуваа заедно како дел од A-ZX серијата неодамна, Adidas и Lego сега ги најавија своите планови за долгогодишно партнерство. Повеќегодишната соработка ќе покрие цела серија на обувки, облека и хардвер дизајнирани за да „поттикнат креативност и гаење на поразигран, попозитивен и поинклузивен свет за возрасните и децата од секоја позадина или спортска способност“.

Lego Adidas

Првите Adidas x Lego парчиња од оваа соработка ќе пристигнат подоцна оваа година, а повеќе објавувања се најавени во текот на целата 2021 година. Ова вклучува производи дизајнирани за широк опсег на потери по спортски и активен живот, а сите од нив ќе имаат референтни теми од историјата на Lego.

Најавувајќи ја соработката, главниот маркетинг директор на Lego, Џулија Голдин, истакна: „Наша мисија е да ги инспирираме и развиеме градителите на иднината и да им помогнеме на децата да бидат креативни и да ги научат вештините кои им се потребни за напредок. Игривите искуства се забавен начин за учење и изградба на креативна самодоверба, а истото е и со спортот – токму затоа сме возбудени околу ова партнерство“.

Lego Adidas

Аиме Арана, генерален менаџер за глобален тренинг во Adidas исто така зборуваше за овој проект, додавајќи: „Иновативен партнер како Lego Group ни овозможува заедно да замислиме нови концепти и производи кои ќе ја запалат креативноста на еден инклузивен начин, особено помагајќи во развојот на помладите генерации“.