LEGO Италија и Ducati го претставија единствениот модел на „Borgo Panigale” во размер 1:1, направен од LEGO® technic™ коцки, изградено од уметникот Ричардо Зангелми. На моделот е работено 400 часа со 15.000 коцки и е доказ дека концептот „build for real” е чекор напред од игра кон реалност. Ducati Panigale V4 R и неговиот близнак изграден од коцки на 19-ти Јуни беа изложени на патеката во Модена.

Под коцките технички лежи Desmosisici Stradale R мотор од 998 кубика, со 221 коњска сила и 112 Nm вртежен момент. Дури и поставувањето на рамката и суспензијата е исто како и кај стандардниот Ducati Panigale V4 R . Интересен е и фактот што овој модел тежи 180 килограми што е 8 килограми повеќе од вистинскиот мотоцикл.

LEGO technic™ Ducati Panigale V4 сетот кој содржи 646 коцки е долг 32 сантиметри, висок 16 сантиметри и широк 8 сантиметри, кој е наменет за фановите на брендот, е првиот мотоцикл во историјата на LEGO кој вклучува менувач кој им овозможува на фановите да симулираат различни брзини и техники на возење. Другите карактеристики вклучуваат управување и суспензијата што му даваат на моторот реално движење.