Гигантот за играчки Lego создаде вистинско уживање за своите колекционери, кои ги има на сите возрасти – Technic Land Rover Defender.

Lego Technic

Дека Lego има традиција во рекреирање на класични автомобили, покажале досега многупати. Нивното најново остварување достапно на пазарот е сетот за Technic Land Rover Defender. Во дизајнот на автомобилот посветено е огромно внимание на деталите. Зборуваме за автентичност во доловување на трупот на возилото, систем за возење на четири тркала, систем за кочење, и најновата опрема. 

Technic

По составување на сите елементи, добивате возило во маслинесто зелена, сива и црна варијанта со 2.573 парчиња. Автомобилот е долг 40 цм, а широк околу 30. 

Technic Land Rover Defender е достапен онлајн и во продавниците на Lego ширум светот по цена од 199.99 долари.