Volvo P1800 Cyan претставува модерна високоперформансна интерпретација на легендарното купе, а изработката е дело на истите момци кои во три наврати победуваа на World Touring Car Championship.

Cyan Racing, официјалниот тркачки оддел на кинескиот гигант Geely Group, кој пак е сопственик на шведски Volvo, е одговорен за оваа прекрасно ремек-дело кое е базирано на оригиналниот Volvo P1800. Инаку, не станува збор за уникатен или единечен проект, а доказ за тоа е што ова возило ќе влезе во производство кон крајот на оваа година, но сепак ќе биде во ограничено издание.

Volvo P1800

Volvo P1800 Cyan тежи замо 990 килограми, благодарение на екстензивното работење на Cyan Racing, а автомобилот ќе се напојува со 2,0-литарски турбо четирицилиндричен мотор кој испорачува 419 КС и 455 Nm максимален вртежен момент. Моќноста ќе се испорачува преку специјален петстепен мануелен менувач од Holinger.

„Можевме да направиме електричен Volvo P1800 и да го исполниме со сите последни технологии, удобности и луксузи. Но, тоа не е тоа што го сакавме“, изјави Кристијан Дал, основач и извршен директор на Cyan Racing.

Оригиналната каросерија е преработена за да може да се прилагоди на поголемите трагови и поголемите тркала, додека шасијата исто така е редизајнирана и засилена користејќи челик и карбон.

Volvo P1800 Cyan ќе биде произведен во мошне ограничена серија, со тоа што од компанијата не ги откриваат точните бројки. Производството на првите примероци ќе започнат оваа есен, а цените ќе почнуваат од 500.000 долари.