Откако носеше пар Vuarnet Glacier наочари во Spectre, Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд повторно ќе се штити од сонцето со очилата на француската компанија во No Time To Die. Поточно станува збор за моделот познат како Vuarnet Legend 06, овој безвременски отворен дизајн беше популаризиран од страна на Алан Делон, кој ги носеше во филмот La Piscine, во раните 70-ти години на минатиот век.

Кога станува збор за Даниел Крег, тој како агентот 007 ќе ја носи кафената варијанта со Brownlynx леќи како што можеше да се забележи во првиот целосен трејлер. Но, британскиот актер очигледно се заљубил во овие наочари, бидејќи во неколку наврати е забележан како и самиот ги носи во приватниот живот.

Инаку, почетокот на брендот Vuarnet датира од 1957 година кога двајца француски експерти за леќи ги измислуваат Skilynx леќите. Истите стануваат Varnet откако францускиот алпски скијач Жан Вуарнет освојува златен медал во дисциплината спуст на Олимписките игри во 1960 година додека носи пар од овие наочари. Од тој момент, брендот доживува огромна слава на ски сцената, а популарноста расте и расте се додека не достигне и култен статус во 80-тите години.

Vuarnet

Култен статус

Со моделот Legend 02 како статусен амблем на брендот, Vuarnet успеа да стане водечки премиум бренд за очила кој се уште ги произведува своите препознатливи леќи од минерално стакло во фабрика надвор од Париз. Vuarnet очилата се карактеризираат со најдобрата оптичка чистина и максимална заштита од штетните влијанија на сонцето, вклучително и UV зраците, како и инфрацрвеното и синото светло. Vuarnet очилата исто така се познати по својата екстремна издржливост и поради тоа што носи ултимативен визуелен комфор. Токму затоа со години се омилениот дел од оние кул ликови како џез легендата Мајлс Дејвис, Алан Делон и секако Даниел Крег во James Bond.

Во случај да сакате да изгледате како Џејмс Бонд и да се подновите со овие култни наочари, за истите ќе треба да издвоите 240 долари.