Најистакнатиот дизајнер на часовници овој пат направи ремек дело за брендот Bulgari. Всушност Gerald Genta Arena Bi-Retrograde Sport не е налик на нешто на кое сте навикнати да го видите од него, но е нешто што го претставува неговиот револуционерен дух. Овој часовник е продолжение на Gérald Genta Arena Bi-Retro и прослава на 50 годишнината на неговиот истоимен бренд.

Како и неговиот претходник, и ова ново издание го користи познатото Arena куќиште, со димензии од 43 мм направено од титаниум. Часовникот има прозорец на кој се покажуваат часовите, додека пак стрелката за минути и датум се враќа на нула по секое завршување на одбројовањето. Всушност овој начин на одбројување наликува на брзинометар на автомобил.

Позади Gerald Genta Arena Bi-Retrograde Sport се крие BVL 300 калибар. Часовникот по цена од 15.000 евра ќе биде достапен од последниот месец во годинава.