Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс станувадел од сопственичката структура на Boston Red Sox, придружувајќи и се на Спортската групација Фенвеј (FSG) како партнер. Со новата улога оваа ѕвезда добива и дополнителен сопственички удел и во другите подружници на FSG, како што се фудбалскиот клуб Ливерпул, Roush Fenway Racing и регионалната спортска мрежа NESN. Леброн Џејмс и неговиот деловен партнер Маверик Картер со оваа инвестиција станаа први партнери, „црнци“ на Fenway Sports Group.

„Мислам дека за мене и за мојот партнер, Маверик, да бидеме првите двајца црни луѓе кои ќе бидат дел од таа сопственичка структура во историјата на таа франшиза, мислам дека е прилично проклето кул. Тоа ми дава надеж и инспирација на мене и на луѓето што личат на мене дека можат да бидат и во таква позиција, дека е изводливо. Ова им дава на децата во училиштето  „I Promise School“ поголема инспирација.”