Леброн Џејмс официјално го финализираше договорот со PepsiCo што значи крај на 17-годишното партнерство со Coca-Cola. Шпекулациите за оваа вест почнаат дури во јануари 2021 година. Обележувањето на договорот кошаркарската ѕвезда го почна со со промовирање на најновиот енергетски пијалок на PepsiCo, Mountain Dew, MTN DEW RISE. Компанијата во моментот се фокусира на промоција на новиот енергетски пијалок. За негова промоција ќе се користат и други спортисти. Во соопштението стои дека пијалокот содржи кофеин колку два филџана кафе со додаток на витамини А, Ц и цинк за подршка на имунитетот. Од Coca-Cola за раскинувањето на договорот соопштија дека оваа одлука е донесена заеднички, бидејќи договорот со Леброн Џејмс била инвестиција во заеднички долгорочен раст. Леброн Џејмс од друга страна новиот договор го гледа како предизвик за нов раст. Во 2015 година PepsiCo стана официјален F&B (Food and Beverage) партнер на NBA и WNBA, ставајќи крај на 28-годишното партнерство со Coca-Cola.