Филмот кој во 1996 постигна неверојатен успех ова лето ќе добие свое продолжение. Главниот лик во Space Jam 2 ќе го игра познатиот кошаркар Леброн Џејмс.

Филмот кој важи за еден од најдобрите детски филмови во кои покрај славниот кошаркар Мајкл Џордан играа и најпознатите цртани ликови како Ушко Долгоушко, Зајачицата Лола и многу други овој пат ќе биде режиран од Теренс Нанс и Рајан Куглер, познат по филмот Black Panther.

Леброн Џејмс

Сеуште не се знае приказната која ќе биде опфатена во филмот и кои ликови од првиот дел ќе ги видиме повторно во ова продолжение.