Јахтите доживеаја голема експанзија во однос на отвореноста за дизајнот последниве години, па ги надминуваат критериумите и на супервозилата и авионите. Благодарение на иновативните умови како дизајнерот Пјерпаоло Лазарини, денес имаме фантастични пловила како Lazzarini F33 Spaziale, јахта која може да се пофали со футуристички дизајн. 

Со должина од околу десетина метри, има корпус создаден од карбонски влакна. Имате избор помеѓу две варијанти на мотор – електричниот 770 КС Tesla или 880 КС Yanmar дизел. Основната цена за јахтата изнесува 610 илјади американски долари, а достигнува цена и до  1.6 милиони. Конструкцијата ќе се работи околи 9 месеци.