Во 2016 француската компанија Lazareth Auto-Moto на саемот во Женева го претстави моторот LM 847, кој беше функционална машина со четири тркала, напојувана со 4.7-литарски V8 мотор од Maserati кој произведува 470 коњски сили и 620 Nm вртежен момент.

Сега оваа компанија реши да не изненади со уште еден мотор со четири тркала, само што наместо да користи V8 мотор мотор, користи четирицилиндричен YZF-R1 мотор од 998 кубика. Познато ни е дека Yamaha R1 кој го носи истиот мотор дава 200 коњски сили и 105 Nm врвен вртежен момент, но за Lazareth LM 410 сеуште нема официјални податоци.