Lamborghini се има докажано на асфалт, трга во освојување на водените површини со супербрза јахта вредна 3 милиони евра наречена Tecnomar for Lamborghini 63. Јахтата која личи на суперавтомобил и ќе биде произведена во само 63 примероци, е дело на Automobili Lamborghini и The Italian Sea Group.

Со два мотори MAN V12-2000 КС, моторната јахта достигнува 60 јазли и е најбрзата во компанијата. Бидејќи е создадена од јаглеродни влакна, типичен за супер спортските автомобили на Lamborghini, оваа јахта со должина од 19 метри е тешка само 24 тона. Целиот проект бил предизвик поради специфичноста и правилата кои треба да се следат при инжењеринг на бродови.

Ентериерот е заснован на високо-технолошки дизајн, со материјали кои го претставуваат најдоброто од Made in Italy. Иконските чисти линии на Lamborghini, шестоаголни форми, Y-мотив и материјали се јасно вметнати во дизајнот. Во инструмент таблата која е интерпретација на кабината на автомобилот во наутички стил, целосно се интегрирани сите контроли и системот за навигација.

Бидејќи на деталите се внимава многу не смее да се испушти делот дека седиштата се направени од Lamborghini Carbon Skin™ како и стилизираниот управувач. Првата јахта се очекува на почетокот на 2021 година.