Стерлинг Бакус сакал да го исполни сонот на својот 12-годишен син да имаат свој Lamborghini Aventador и поради тоа се впуштил во луд проект за изградба на автентичен Aventador користејќи 3D печатач. Стерлинг и неговиот син Ксандер работат на својот автомобил од соништата речиси две години, а овој Божиќ добија специјално изненадување токму од Lamborghini.

Суперспортскиот автомобил кој го прават таткото и синот се уште не е довршен, но нивниот досегашен напредок е навистина ветувачки. Овој проект на вистинските ентузијасти не мина незабележано ни кај официјалните лица на славната италијанска компанија. Така, Lamborghini за Божиќ сакаше да го награди семејството кое живее во сојузната држава Колорадо во САД и да му пружи на Ксандер големо изненадување.

Планот беше да се замени репликата која Стерлинг и Ксандер ја изработуваа со вистински Lamborghini Aventador. Автомобилот го паркираа на истото место во гаражата каде што стоеше нивната недовршена реплика. Така, таткото и синот добија шанса во следните неколку денови да уживаат во црниот Lamborhini Aventador Roadster. Иако Ксандер не може да го вози овој суперспортски автомобил, јасно е дека неговиот детски сон се оствари.