Она што започна како шпекулација во март, сега е официјално – Lamborghini Huracan Super Trofeo Omologata пристигна. Како што имплицира и самото име, ова всушност претставува легална верзија на Squadra Corse тркачкиот автомобил и претставува директен наследник на Huracan Performante.
За појаснување, STO значи широк опсег на унапредувања кои го прават суперавтомобилот на Lamborghini во ултимативен тркач кој останува да биде легален за патиштата. Тежи 43 килограми помалку од Performante, благодарение на користењето на карбон при изработка на повеќе од 75 проценти од каросеријата.
Новиот Lamborghini Huracan STO се напојува со атмосферскиот 5,2-литарски V10 агрегат кој не произведува ништо повеќе моќност од она што е случајот со Huracan Evo. Ова значи 640 КС, но разликата е во тоа што целата моќност оди на задните тркала, што е ексклузивно за STO.
Од останатите поважни спецификации, треба да се истакне дека има и 565 Nm максимален вртежен момент, што всушност е помалку во однос на Huracan Evo (600 Nm), но исто така и 2.09 кг/КС сооднос тежина со моќност. Сето ова во превод значи дека до „стотка“ се стигнува за точно 3 секунди, до 200 км/ч се потребни точно 9 секунди, а максималната брзина изнесува 310 километри на час. Испораките започнуваат на пролет, а цените стартуваат од 249.412 евра во Европа.
Прочитајте повеќе на avtoplus.mk