За време на Pitti Uomo интернационалниот моден саем за машка облека, Lamborghini ја претстави својата последна колекција за есен/зима 2020-2021.

Овојпат, Lamborghini ни носи фантастична спортска колекција која ви овозможува да пронајдете и елегантни и отмени елементи и да бидете подготвени за сите прилики. Колекцијата е базирана на тој начин што содржи различни видови на облека, како што се дуксери, јакни, панталони, тренерки, патики, но и аксесоари како качкети, ранци и ремени, така што тука секако секој ќе може да пронајде нешто што му е потребно и што му одговара.

Оваа колекција е посебно креирана за постудените временски периоди, така што е идеална за есен и зима и ќе им овозможи на сите мажи да се опремат и да го победат студеното време на најдобриот и најудобниот начин, а секако, сите работи го содржат препознатливото лого на Lamborghini.