Новиот Huracan Super Trofeo EVO2 кој е дело на Lamborghini Squadra Corse треба да влезе во производство следната година, а моделот добива радикални аеродинамични решенија, додека компанијата најавува дека овој модел ќе биде највисоко-перформансната верзија која ќе се појави на тркачките патеки.

Huracan Super Trofeo беше претставен пред речиси седум години. По ова Lamborghini ја претстави EVO верзијата од својата тркачка V10 машина три години подоцна, а сега, тркачкиот автомобил кој се натпреварува во Super Trofeo шампионатот добива ново унапредување.

Кога станува збор за екстериерот, Huracan Super Trofeo EVO2 добива поагресивен преден дел со потенки LED предни светла и „воздушни завеси“ кои се слични како кај Sian. Придвижувајќи се кон задниот дел, тркачкиот автомобил добива вентилирачни предни крила, агресивни отвори за воздух и карбонски заден спојлер. Задната страна исто така мина низ ревидирање, пред се поради новите задни светла и модифицираниот дифузер.

Дел од пластичните панели се заменети со карбонски, додека задните крила сега се единечен дел за „оптимален површински континуитет“. Настрана стилските промени, автомобилот е опремен со унапреден сопирачки систем кој се одликува со нови шапи кои добиваат поголеми плочки. Челичните предни дискови исто така се зголемени за подобри перформанси.

Движењето се овозможува од природно аспирираниот 5,2-литарски V10 мотор кој испорачива 620 КС и пристигнува во комбинација со шестстепен секвенцијален менувач кој ја испраќа моќноста на задните тркала.

Lamborghini Huracan Super Trofeo EVO2 ќе го има своето јавно деби подоцна оваа недела, а цената во Европа ќе стартува од 250.000 евра, а од Lamborghini најавуваат дека сопствениците ќе можат да го унапредат својот модел со најновите спецификации и специјалниот кит кои ќе бидат достапни од почетокот на следната година.