Поп-пејачот, Бруно Марс, влегува во модниот свет за нова колекција на брендот Lacoste, насловена по неговото дизајнерско алтер-его „Ricky Regal“. Колекцијата е мешавина на спортски и луксузни елементи инспирирано од естетиката и животниот стил на 1970 година. Парчињата облека кои вклучуваат маици, тренерки, чорапи… го носат логото на брендот Lacoste надополнето со „Ricky Regal“. Колекцијата е достапна во одбрани продавници на брендот, додека пак на преку нивната интернет продавница ќе бидат достапни од 8-ми Март оваа година.