Крокодилчето на Lacoste имплементирано во празничната верзија на колекцијата на брендот. 

Рептилите никогаш не изгледале подобро, бидејќи Croco Magic празничната колекција на Lacostе е вистинско освежување на пазарот. Колекцијата се состои од машки и женски парчиња – поло маици, блузони, ранци, торби, капи и шалови, џемпери, рачни часовници. 

Сите парчиња на колекцијата се комбинација на памук и волна. Чантите и ранците се изработени од високо квалитетна кожа, а цената на парчињата варира од 198 до 398 долари.