Влијанието на Ал Капоне, познатиот криминалец и мафијаш, и ден денес е големо и неспорно. Неговиот лик и дело претставува „инспирација“ и фасцинација од гангстерите во Северна Америка, создавајќи и сопствен филмски жанр за овој свет. Притоа се прикажува и идеологијата која била користена во тие криминални групи со италијанско потекло. Постоел и извесен „сенс“ за луксуз и елеганција, дел кој е претставен во „американскиот сон“. Капоне претставувал класа сам за себе, а секако, тој носел и часовник кој го одликувал неговиот статус. Изборот на Ал Капоне бил Rolex Prince. Дури и тогаш, производителот на часовници веќе бил препознатлив како луксузен бренд. Сепак, неговите производи делувале поинаку од она како што се гледа на нив денеска.

Rolex

Rolex Prince бил создаден во 1930 година како дел од првите Art-Deco модели и претставува еден од класиците на минатото, претставувајќи еден од најважните во своето време. Капоне добил еден ваков модел, со што е еден од двата познати часовници кои ги носеле познатите гангстери. Од Prince излегле и други модели како Zebra, кој имал вертикални линии, или пак Marconi, многу поелегантна верзија.

Нешто што се истакнува кај овие Art-Deco модели е тоа што тие не изгледаат нималку како актуелните машки часовници. Тука е и фактот дека нивната правоаголна и тенка структура потсетуваат на денешните дизајни кои се фокусирани на дамите. Со текот на времето, Rolex ќе се присособи кон модерните модели, целосно оттргнувајќи се од тој стил.

Капоне поседувал и триаголен џебен часовник направен по нарачка во Illinois Watch Company со 72 дијаманти, лице од платина и неговите иницијали направени од дијаманти. Овој производ се појави на аукција пред три години.

Како дополнителна историја, Rolex бил основан со поинакво име во Англија во 1905 година. До 1915 веќе го добил новото име. Компанијата го развила првиот водоотпорен и часовник отпорен на прашина. Дури ја имале и пливачката Мерцедес Глајце како бренд амбасадор. До крајот на 20-тите години на минатиот век тие веќе биле етаблирана компанија и биле препознатливи како најлуксузниот бренд за часовници.

Капоне, како фан на луксузот, купил Rolex Prince и досега е единствениот познат лик кој бил „уловен“ дека го носи овој часовник. Гангстерот претставувал контроверзна личност. Сепак, понекогаш го гледале како модерен Робин Худ, со оглед на тоа дека помогнал на голем број хуманитарни и социјални организации со парите кои ги заработил како лидер на група за организиран криминал.