Иако сме сведоци на секојдневно лансирање на нови модели на патики, мора да признаеме дека само неколку можат да се обележат како култни класични патики кои се секогаш во мода. Некои од нив имаат причина за нивниот успех, некои се одликуваат со безвременска естетика, други се катализатори на промени и секако тука се тие кои започнале легитимна културна револуција.

Култни класични патики

1. Adidas Samba: овие патики лансирани 1950-та е мерило во еволуцијата на патиките. Создадена со две намени, прво како патики за спортови во затворен простор, второ како патики за спортисти на ледени површини за време на зимските игри. Познати како патики со најдолготрајно производство, остана верен на првобитната цел дури и денес. А поради фактот дека многу познати ѕвезди ги носат и ден денес, остануваат достојни на нивната позиција како еден од најдобрите класични патики на сите времиња.

2. Nike Air Force 1: дело на Брус Килгор кои дебитираа во 1982 година го добија запечатија заслуженото местото како омилена патика на хип-хоп фелата. Инаку овие патики се првите кошаркарски патики кои ја користат Nike Air технологијата. Името е добиено од авионот кој превезувал претседателот на Соединетите Американски Држави, а познати се и по судскиот спор воден за трговска марка.

3. Puma RS-Computer: 1986-та и почетокот на модерната технологија, кога доаѓаат овие патики со чип на ѓонот, со кој тие се поврзуваат со old school Apple и IBM писија, кои во комбинација со специјален софтвер што би го подигнале од дискета би можеле да ги видите вашите тренинзи во 8-битна графика. Голема возбуда за тоа време, нели?!

4. Chuck Taylors: се почнува од 1941 година. Популарни меѓу тинејџерите, исто како и на кошаркарските терени, и сејт парковите. Удобрни, стилски, патики кои брзо станаа култни класични патики кои се паметат и носат.

5. Onitsuka Tiger: лансирани како катализатор за да се подигне самодовербата на младите во Јапонија, залагајќи се за посветеност кон атлетиката, по Втората Светска војна, овие патики се познати како Олимписка безвременска икона. И секако ги видовме во филмот Kill Bill.