Како дел од проектот Liget Budapest, најголемата програма за урбан културен развој во Европа, Куќата на унгарската музика дизајнирана од јапонскиот архитект Sou Fujimoto е при крај. Институцијата ќе работи како прв светски објект за сложено музичко иницирање, носејќи им музички искуства на посетителите преку интерактивни изложби, концерти и работилници за музичко образование.

Со оглед на напредокот на градежните активности, овој објект треба да почне со работа кон крајот на 2021 година. Кровната конструкција на Куќата на унгарската музика е перфорирана со таканаречени светлосни јами која дава чувство како да лебди во своето опкружување.

Стаклените ѕидови помагаат во претопување на објектот во природата, додека кровната крошна налик на дрво е инспирирана од визуелната претстава на вибрациите на звукот: „Нема прави агли во структурата на покривот, скоро и да нема два елементи кои се исти. Сето тоа е уникатно и површината е перфорирана со близу 100 индивидуално дизајнирани дупки за дрвјата во паркот“ вели Fujimoto.

Внатрешноста е поделена на три ката. Нивото под земјата определено за изложби и звучна купола-хемисферична купола во која ќе се создадат разновидни „звучни простори“ со аудио и технолошки проекции. Спратот на ниво на земја, кој ќе биде посветен за изведувачите и настаните во живо и најгорниот кат кој е определен за едукација, односно тука ќе бидат сместени архивата на унгарската поп-музика и едукативните простории. Целиот проект за Куќата на унгарската музика се заснова на едукативна улога со развојот на концептот и настаните за музичко образование и искуството кое ќе можат посетителите да го добијат.