Архитектонското студио Shomali Design Studio ја претстави својата Kujdane куќарка, реинтерпретација на традиционалната типологија на А-рамката. Дрвената палета на материјали е надополнета со елементи во ладни тонови, додека средината на куќарката е изразена со централизирано стаклено јадро кое поминува вертикално низ средината на објектот.

Овој карактеристичен елемент на Kujdane куќарката служи за создавање вертикална врска помеѓу небото и земјата, овозможувајќи им на жителите да почувствуваат минување на снег и дожд низ внатрешноста на куќата. Под подигнатата куќа, дождот и снегот низ вертикалното стаклено јадро истекуваат во мал резервоар. Езерцето од резервоарот во кој се слева водата покрај визуелниот ефект служи и како природен разладувач.