Компанијата која се прослави со врзувањето за поп-културата Kross Studio, за да ја одбележи премиерата на филмот Space Jam: A New Legacy, претстави Space Jam Tourbillon. Новиот часовник е разиграна почит кон класичната анимација и кошарката, со детали што обожавателите на двата правци ќе ги уживаат.

Овој Space Jam Tourbillon е направен врз основа на истата платформа како и Star Wars special, со димензии од 45 милиметарско титаниумско куќиште, без традиционална круна, но со преклопна круна во форма на буквата Д. Централниот турбилон останува да биде централна точка на часовникот, во кафез кој има форма на хемисвера од мрежата на кошаркарска топка. Механичките чуда на Kross Studio се истакнуваат и во делот на стрелките, кои се изградени на планетарен систем на запчаници со кој изгледа како тие да лебдат.

Магијата е во комбинацијата на бои и деталите на внатрешниот прстен на кој се наредени сите анимирани ликови тимот на Looney Tunes: Tweety Bird, Sylvester, Bugs Bunny, Daffy Duck, Lola Bunny, Speedy Gonzales, Wile E. Coyote, Road Runner, надополнети со одлично одбраната портокалова боја за надворешниот прстен. Во внатрешноста е поставен механизмот KS 7000.

Space Jam Tourbillon доаѓа со два ремена и тоа едниот направен од телешка кожа во кралска сина боја, додека другиот направен од гума, ласерски обработена да личи на површината на кошаркарска топка. Kross Studio Space Jam Tourbillon ќе биде произведен во само 10 примерока сите ќе доаѓаат со посебна скулптура во форма на кошаркарска топка направена од дрво и алуминиум. Цената на еден ваков часовник изнесува околу 100.000 американски долари.