Последното издание на Terminator кое го носи името Dark Fate не ги исполни очекувањата на критичарите, ниту пак на кино благајните. 

Почетокот на филмот го отвораат старите ликови, заедно со нови, со цел да се привлечат обожаватели од поновата генерација. По краток пролог од 1998, дејството нè носи во Мексико во 2020 година.

На ликовите од новата генерација им се приклучуваат легендарните Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон. Според критичарите, ова е начин за продуцентите да се искупат за претходните два филма кои не исполнија ничии очекувања. Што се однесува до некои сцените, голем дел од филмот е снимен во темнина, што и не го подобрува рејтингот на филмот. Според критичарите, ова би требало да биде последен Terminator, бидејќи баш и не постои шанса да се крене популарноста на франшизата во нагорна линија. Сепак, останува да го погледнете, да му дадете шанса, а потоа да одлучите дали навистина е осуден на темна судбина.