Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и првотимец на италијанскиот шампион Јувентус, се поднови со најскапоцениот автомобил на светот Bugatti Centodieci

Кристијано Роналдо неодамна со својот клуб Јувентус ја освои својата втора шампионска титула во низа, вкупно деветта по ред за италијанскиот шампион, односно 36-та во историјата. По тој повод, Португалецот се почасти со Bugatti Centodieci, кој инаку е планиран да се произведе во серија од само десет примероци. Цената на еден примерок на моделот Bugatti La Voiture Noire или Cendotieci е некаде околу 8,5 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалската ѕвезда се подновила со ултра ексклузивниот, скап и брз француски суперавтомобил, кој наводно е нарачан во црно-бела боја, во чест на шампионската титула на Јувентус. Според италијански TuttoSport, Роналдо, кој е познат автомобилски вљубеник и ја има една од најексклузивните колекции во светот, а е докажан фан на Bugatti (поседува Veyron и Chiron), би требало да го добие својот Centodieci следната година. Инаку, автомобилската колекција на Роналдо се проценува на 30 милиони евра.

View this post on Instagram

You choose the view 😉😅

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Bugatti не сака да ги потврди или негира овие информации. Наместо тоа, само кратко истакнува дека „Роналдо е дел од семејството на Bugatti“. Тоа што Роналдо го купил најскапиот автомобил на светот не треба да изненадува, особено поради одлични односи со компанијата Bugatti. Треба да се напомене и дека француската компанија неодамна се здружи со Nike, кој е официјален партнер и спонзор на Роналдо, за да направат специјална облека за Португалецот. Производителот на спортска опрема во соработка со Bugatti ги претстави копачките Nike Mercurial Superfly CR7 Dieci, инспирирани од моделот Centodieci.

Инаку, Centodieci беше претставен минатата година на 110-тиот роденден на Еторе Бугати. Моделот е инспириран од EB110 и е базиран на моделот Chiron. Но, истиот е 20 килограми полесен и нешто помоќен. Пред се, благодарение на 8,0-литарскиот quad-turbo W16 мотор кој испорачува 1.600 КС, или точно 100 КС повеќе од Chiron. Благодарение на тоа, Bugatti Centodieci може да забрза од 0 до 100 километри на час за 2,4 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 380 km/h.

Како што напоменавме, Bugatti Centodieci е ограничен на само 10 примероци, а цената изнесува околу 8,5 милиони евра. Тоа не треба да претставува проблем за Роналдо, кој за четиригодишен договор во Јувентус ќе заработи 100 милиони евра, без останатите бонуси и приходи од реклами.