Фудбалската икона поседува Rolex GMT-Master Ice кој е обложен со 18-каратно бело злато, а неговата цена изнесува речиси 500.000 долари.

Кристијано Роналдо е еден од најплатените спортисти на светот. Португалската суперѕвезда заработува вртоглава сума само од својот Инстаграм профил, каде има речиси 200 милиони следбеници, а според „Форбс“ тој е вториот најплатен спортист на деценијата, единствено зад неприкосновениот Флојд Мејведер. Затоа не треба да зачудува што Роналдо неодамна се појави на една спортска конференција во Дубаи со најскапиот Rolex кој некогаш е направен за продажба – GMT-Master Ice.

Според Пол Алтиери, шефот на одделот за Rolex во Bob’s Watches, Rolex GMT-Master Ice вредел 485.350 долари кога за првпат беше претставен на пазарот во 2018. година.

Од друга страна, Fox Business пренесува дека Rolex часовникот кој Роналдо го носел во Дубаи вреди 497.040 долари. Британски Daily Mail објави дека Роналдо исто така носел два прстени вредни 262.000 долари, односно 65.400 долари.

Сепак, неговиот Rolex беше најдраматичниот момент на вечерта, кој ги привлече фотографските објективи и предизвика најголемо внимание. Она што го прави овој часовник посебен е фактот што тој е естетски и визуелно пријатен, произведен од некои од најдобрите материјали, вклучително и 18-каратно бело злато и речиси 30 карати брилијантно исечени дијаманти кои ја покриваат речиси цела површина на часовникот.

Она што е најинтересно е што Роналдо воопшто не морал да потроши ни цент од своите макотрпно заработени пари на теренот за да го купи сиот овој накит – тој всушност прави повеќе пари од своите профили на социјалните мрежи, достигнувајќи до 40 милиони долари за изминатата година. Со други зборови, тој може да си купи два исти Rolex часовници продавајќи само два поста на Instagram.