За отворањето на последната продавница на FREITAG во Амстердам, креативното студио 1kg дизајнираше специјално кино со велосипеди. Инспирацијата за овој подвиг доаѓа од градот, животниот стил и традицијата на брендот. Компанијата која им дава нов живот на користените камионски церади и ги трансформира во ранци, несесери и друго сака да комуницира со клиентите на еден поинаков, забавен и активен начин. Тимот на 1kg создаде мулти-сензорно искуство за да го прослави отварањето на оваа продавница создавајќи кино во кое има инсталирано велосипеди и кое се активира со движење на педалите.

Идејата била да се создаде кино со погон на велосипед што ќе се поврзе со одржливото наследство на компанијата. Целата конструкција е направена од алуминиумска рамка која држи три рециклирани велосипеди, секој со свое динамо. Оваа структура е поврзана со сензори, системи за управување со батерии и сопствен софтвер што ја претвора енергијата создадена од возачот Со која се овозможува проекција на документарни филмови. Инсталацијата му овозможува на корисникот да го почувствува и физички да го доживее напорот потребен за напојување на просторот.