Љубовта помеѓу кучето и човекот е неизмерна, а тоа го покажуваат сè поголемиот број активности кои луѓето ги преземаат за заштита на правата на животните. Еден таков е и иницијативата на четиринаесет годишниот Лук Лаучхајм кој минатата година ги спои своите две најголеми пасии – архитектурата и животните.
Организираше 10 најдобри архитекти од својата околина да изградат 10 куќички за кучиња кои подоцна се продадоа на аукција, а средствата ги намени за Фонд за заштита и спасување на животни. Овој период од годината е одличен да се погрижите вашиот најдобар пријател да има соодветен кров над главата, а ние сме тука кога ви е неопходна инспирација.