За господин кој сака да ужива во чаша добар пијалак имањето на домашен бар е есенцијален. Мешањето пијалоци дома за пријателите и семејството ве прави да се чувствувам како некој џентлмен од шеесеттите. Ова не е тешко, напротив ова е забавно. Еве неколку насоки:
# Одвојте место кое ќе го направите ваш бар. Доколку живеете во помал стан одвојте еден елемент од кујната каде ќе го чувате целиот ваш алкохол. Во меѓувреме ако сакате нешто поразлично од „кујнски елемент” размислете за минибар или орман за коктели кој дефинитивно не зазема многу простор но собира доста шишиња алкохол и стакларија.
Ошто правило за правилно чување на алкохол е дека треба да се чува на собна температура. Идеална температура е од 12-15 степени целзиусови, бидејќи на висока температура алкохолот испарува, дури може и да оксидира и да ги менува вкусовите со текот на времето.
Не ги чувајте пијалоците изложени на сончева светлина, ова го има истиот ефект како температурата, забрзување на процесот на оксидација. Истражување од Bacardi покажало дека сонцето има дури полошо влијание врз алкохолот, па така кога истражувачите оставиле шишиња изложени на сонце 15 дена, бурбонот изгубил 10% од својата боја, а едно шише скоч изгубило 40 проценти од својата боја.
Да се замрзне или не замрзне?
Нема штета од тоа, бидејќи алкохолот нема да замрзне. Дури и ако не се одлучите за овој метод на складирање, џинот и вотката подобро се служат разладени, па експертите препорачуваат да ги фрлите во замрзнувачот околу еден час пред да ги служите. Вермутот, крем-базираните ликери како Baileys, чувајте ги во фрижидер бидејќи овој тип на пијалоци треба да се чуваат на ладно. Сите пијалоци сем виното, во вашиот домашен бар се чуваат исправени.
# Изберете алкохолни пијалоци. Одвојте мало богатство за да направите своја база на пијалоци. Секако не заборавајте дека прв муштерија на вашиот домашен бар сте вие, па така прво одберете нешто што ви се допаѓа на вас. Иако повеќето луѓе преферираат виски, џин, вотка, не е лошо да пробат и мескал, јамајкански рум…
Ајде да почнеме вака: Џин- основа за секој коктел, дефинитивно секогаш треба да го имате при рака, доаѓа во четири сорти, London Dry, Plymouth, Old Tom и Genever; Вотка- најчесто безбоен, без силен вкус или арома, совршен за мешање, разликите помеѓу брендовите вотка се сведуваат на она од што се дестилираат (компири, шеќерна трска) и нивната текстура, на пример, Absolut има мрсна, свиленкаста текстура…;
Бурбон (Bourbon whiskey)- американско виски, првенствено направено од пченка; Скоч (Scotch whisky)- шкотско виски, првенствено направено од јачмен; Текила- пијалок кој мора да го имате, а кој вид, зависи од тоа за што планирате да ја користите, Gold tequila е поефтината варијанта која е добра доколку планирате да ја мешате, Silver tequila во нејзината најчиста агаве-базирана форма за пиење;
Рум- вкусен алкохолен пијалок од Карибите дестилиран од меласа, се дели на светол рум и темен рум; Ликери- алкохолен пијалок кој содржи шеќер, овошје, билки и зачини.
# Додатоци за мешање. Ако планирате да правите коктели тогаш ќе ви требаат тоник, кола, сок од брусница, сок од портокал, сок од домати, сок од ананас…
# Додатоци за украсување на пиајлокот, зависи од пијалокот кој ќе го служите, Текила базираните пијалоци одат со агруми како лимон, Џин базираните пијалоци одат со маслинки и кромид, никогаш не ставајте додатоци на Scotch. Инаку како додатоци се сметаат, коктел маслинките, коктел кромидот, шеќер, црн бибер, сол, Tabasco сос, зелен лимон, лимон, рен…
# Чаши и прибор. Потребна е соодветна стакларија и прибор за вашата „еликсир аптека” која како основна е доколку имате мартини чаши, чаши за црвено и бело вино, високи чаши, чаши за виски, чаши за пиво, шејкер, цедалка, чачкалици за маслинките и кромидот, салфети. Оваа секција треба да ја зачините и со книга со рецепти како The Professional Mixing Guide Cocktail Recipe Book, Vintage Spirits and Forgotten Cocktails и за крај да не заборавиме добра забава со добар пијалок не оди без добра музика, па затоа направете си една плејлиста за вакви пригоди.