Иако ја употребуваме како зеленчук, сепак оваа овошка припаѓа на семејството cucurbitaceae, каде што спаѓа и самата лубеница. Нешто многу побитно е дека оваа крцкава закуска е полна со витамини, минерали, антиоксиданти, фитонутриенти и електролити. Етикетата на суперхрана ја нема сеуште добиено, но таа ирга главна улога во индиската традиционална медицина уште од античко време. Без разлика дали е свежа или кисела, краставицата е природно нискокалорична: јаглехидрати, натриум, маснотии и холестерол, што ја прави достоен додаток за која било чинија. Хранливите материи кои ги има краставицата помагаат при варењето на храната, обезбедуваат зголемена хидратација, губење на тежина.

Една краставица (300 грама) содржи: 45 калории
11g јаглехидрати
2g протеини
2g влакна
62% од дневниот внес на витамин К
14% од дневниот внес на витамин Ц
13% од дневниот внес на калиум
10% од дневниот внес на магнезиум
12% од дневниот внес на манган

Покрај ова краставицата содржи антиоксиданти како витамин Ц, манган, бета-каротен, флавоноиди, лигнани, танини, тритерпени и минерали како фосфор и бакар. Краставиците хидрираат, бидејќи содржат дури 95 проценти вода. Ако изедете околу 120 грама краставица е скоро исто како да сте испиле една чаша вода. Тие исто така содржат важни електролити како калиум, магнезиум и фосфор. Растворливите влакна во нив исто така ви помагаат да се чувствувате сити подолго и докажано е дека помагаат во намалувањето на нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Ниското ниво на брзо ферментирачки јаглехидрати се идеални за зајакнување на здравјето на цревата кога се консумираат заедно со друга храна. Верувале или не, краставиците исто така имаат потенцијал за намалување на крвниот притисок, нешто што најмногу се должи на високата содржина на калиум. Фитонутриентите пак придонесуваат за антиинфламаторните својства на краставицата. Поради содржината на витамин К и калциумот тие имаат својство врз зајакнувањето на коските.

Витаминот Ц помага во производството на колаген во организмот, додека бета каротенот го подобрува видот. Краставиците се богати со флавоноид наречен фисетин, што според истражувањата ги штити нервните клетки, ја подобрува меморијата и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест. Според многу истражувања, краставиците го регулираат шеќерот во крвта и ги ублажуваат проблемите поврзани со дијабетесот.