Интернетот многу ни го олесни секојдневието, но од друга страна ни сервира и замки. Меѓу многуте замки при користење на интернетот е и можната кражба на идентитет. За малку да им ја отежниме работата на хакерите и да ги избегнеме замките еве неколку совети за побезбедно користење на инатернет.
1. Користете VPN ( Виртуелна приватна мрежа)
VPN-от ви дозволува да останете анонимни додека сте online. Страните кои ги посетувате се регистрирани на адреса на виртуелната мрежа, а не на онаа која во моментов ја користите. Услугата за користење на VPN се плаќа, но може да биде и бесплатна, но во било кој случај ја успорува брзината на вашата мрежа.
2. Немојте да ја памтите бесплатната интернет мрежа
Уредот на кој користите бесплатен интернет, автоматски ја памети. Хакерите можат да го клонираат името на таа мрежа и да направата штета. Поради тоа проверете дали телефонот ги има запаметено тие мрежи и избришете ги.
3. Обрнете внимание на името на мрежата
Хакерите многу често им даваат слични имиња на мрежите кои ги клонираат. Легитимниот hotspot секогаш бара некаков бид на авторизација додека лажните се тотално бесплатни. Па така доколку сте во некој ресторан или трговски, прашајте го точното име на мрежата на која сакате да се поврзете.
4. Антивирус
Редовно ажурирајте антивирус иако ова е многу досадно за вас.
5. Двостепено логирање
Овој начин на логирање реално троши неколку минути повеќе од вашето време кое го вложувате во заштита на приватноста и податоците. Бирајте hotspot кој пред поврзување ви праќа СМС. Интернет криминалот преку дупли Wi-fi мрежи е доста распространет и опасен.
6. Лозинка
Не користете лозинки кои најлесно се паметат, бидејќи истите и најлесно се пробиваат.
7. Користете апликација за заштита на мобилни телефони
Симнете апликација која има заштитен протокол, енкриптирани пораки и повици, временски ограничени пораки…