Остана уште малку време до завршување на оваа година, а може да кажеме дека 2020 година ја одбележаа доста екстравагантни концептни автомобили. Автомобилските брендови ја најдоа својата креативна слобода, што им овозможи на дизајнерите на автомобили да сонуваат надвор од традиционалните граници, а напредокот на технологијата само се надополнува на нивната креатива. Дизајн, брзина, футуризам… е обележје на концептните автомобили кои ги видовме годинава а може ќе имаме можност да ги возиме во блиска иднина.

концептни автомобили

Bugatti Next-57

Иако овој модел е редизајн наменет да ги исполни футуристичките стандарди, мора да признаеме дека има екстремен дизајн. Автомобилот Type 57 SC Atlantic Coupé е редок автомобил кој се произведувал помеѓу 1936 и 1938 година и се натпреварувал на 24 Hours of Le Mans. Оваа модерна верзија има линии кои доминираат, а предните фарови во облик на куршум создаваат импозантно присуство.

Koenigsegg Konigsei

Концептот инспириран од јајце има патнички простор направен од рециклирана лушпа од јајце. Во комбинација со 6.4 литарски V8 мотор дава 1.618 коњски сили, дозволувајќи му на ова аеродинамично чудовиште забрзување од 0 до 100 километри за само 2,8 секунди.

Hyperion XP-1

Компанијата позната по вработување на поранешни членови на НАСА ја покажа технологијата која би значела пад на електричните автомобили. Со мотор кој е наменет за вселенски патувања, создава хемиска реакција кој го разградува водородот со кој се полнат горивните ќелии. Лесната монококна шасија направена од јаглеродни влакна му дозволува на овој концепт да забрза од 0 до 100 за само 2,2 секунди и да развие максимална брзина од 356 киломерти на час.

BMW i4

Со овој автомобил компанијата тврди 599 километри автономија со едно полнење и забрзување од 0 до 100 километри за 4,4 секунди. За разлика од други концептни автомобили BMW i4 е блиску до својата реална верзија. Со своите 530 коњски сили, добиени од 80-kWh моторот сместен на задната оска, овој концепт е насочен кон возачот.

Mercedes-Benz Vision AVTR

Инспириран од филмот Аватар, овој целосно електричен автомобил користи технологија на органска батерија која не содржи метали и други штетни супстанци. Мора да признаеме дека остава без зборови.

Vision Automobiles 1789

По повеќе од 200 години од Француската револуција Париската компанија Vision Automobiles дебитираше со нов хиреавтомобил наречен 1789. Слично на тој настан ова е Визија за револуција во автомобилската индустрија. За разлика од другите концепти овој автомобил користи биометан, па така имате всушност мотор со внатрешно согорување, но еколошко.