Дизајнерите на Lamborghini со неверојатна имагинација при создавање на концепт возилото за видео играта  Gran Turismo Sport.

Lambo V12 Vision не е концепт возило за некој со длабок џеб, туку дел од играта за Sony Playstation 4, Gran Turismo Sport.

концепт

Генералниот директор на Lamgorghini, Стефано Демоникали, го претстави моделот за време на финалето на турнирот во видео играта во Монако. 

Футуристичкиот дизајн и модерниот концепт на возилото се привлечни за секоја, но најмногу за младата публика, која најмногу ужива во видео игрите.

Силуетата на Lamborghini е видлива, а во видео играта автомобилот се движи со помош на моторот од Lamborghini Sian со јачина од 819 кс – најбрзото возило на брендот досега. 

Најдобриот момент од оваа вест е што секој оној кој ќе посака да го вози ова Lambo V12 Vision, ќе треба само да почека да излезе најновата верзија на Gran Turismo Sport, наредната пролет.