Долгоочекуваното враќа на Конор МекГрегор ќе се случи на UFC 246 во Лас Вегас,во јануари 2020.
Поранешниот двократен шампион ќе се бори против Доналд „Каубој“ Серон. Ирецот МекГрерог ќе се појави во рингот повторно за прв пат на 18 јануари, откако беше поразен од страна на Хабиб Нурмагомедов во октомври 2018.
Серон го држи рекордот со 23 победи и 16 прекини на UFC, но на последната борба загуби од Џастин Гаети.