Дебитирајќи на автомобилската недела во Монтереј Audi го откри концептот Skysphere. Кабриолетот со електричен погон, со две врати, го врти вниманието кон новата насока за дизајн на брендот, фокусирајќи се на создавање волшебни искуства за мобилност преку надворешноста и внатрешноста. Станува збор за две различни искуства во возењето кои ги нуди Audi Skysphere и тоа автономни grand touring и самостојно во спортски режими што користи променливо меѓуоскино растојание за да го прошири и намали соодветно автомобилот.

Концептот Audi Skysphere се менува за 250 mm во должина и 10 mm во растојанието од земјата, благодарение на систем на компоненти и лизгачка рамка со притискање на само едно копче. Па така возачот може или да управува со нивниот е-роудстер долг 4,94 метри во спортски режим со намалено меѓуоскино растојание, или да ужива во автономен режим заедно со патниците и да си играат со беспрекорно интегрираниот дигитален екосистем.

Автомобилот црпи инспирација од 1938 Horch 853, поточно долгиот преден дел и компактната кабина во своите пропорции. Чистиот ентериер е инспириран од арт деко стилот, со педали кои се повлекуваат и кријат. Удобните седишта може да се пофалат со визуелна елеганција, а всушност се обложени со ткаенина од микрофибер за подобро одржување. Низ кабината се користат и еколошки сертифицирано дрво од еукалиптус и синтетички произведена имитација на кожа. Големите површини на монитори на допир може да се користат и за возење и како инфозабавен систем.

Со перформанси за да одговара на неговиот непобитно динамичен надворешен дизајн, електричниот мотор на Audi Skysphere испорачува вкупно 465 kw моќност и 750 nm вртежен момент, што доведува до забрзувае од 0 до 100 километри на час за 4 секунди. Батериите се поставени зад кабината за да помогнат на центарот на гравитација и агилност и имаат капацитет од повеќе од 80 kWh за да генерира опсег од 500 км.